Home » Го предвиде распадот на Советскиот Сојуз, а сега го предвидува крајот на Западот

Го предвиде распадот на Советскиот Сојуз, а сега го предвидува крајот на Западот

by Lina Muslija

Книга на францускиот историчар Емануел Тод

Францускиот историчар Емануел Тод, кој го предвиде крајот на Советскиот Сојуз, сега го предвидува крајот на Западот „побрзо од очекуваното“. Ова е тезата на неговата книга „Западот во пропаѓање“, пишува „Франкфуртер рундшау“.
– Западот веќе ја загуби стратегиската конфронтација во Украина. Тоа не се должи само на слепата или исчезната стратегија туку и на тоа што двата столба на Западот, нацијата држава од една страна и религијата од друга страна, пропаднаа. Како што предвиде Фридрих Ниче, крајната религија ќе биде придружена со нихилизам, сепак овој нихилизам е смртоносен, речиси самоубиствен – пишува Тод.
Тод оцени дека САД успеале да ја вовлечат Европската Унија, а со тоа и Германија, во војна против Русија и е сосема сигурен дека „САД ќе ја загубат оваа војна бидејќи воените средства што ги користат против Русија се премали“.
– Германија ќе треба да избере помеѓу бескрајна војна или мир со Русија – посочи Тод и изјави дека книгата ја напишал како антрополог и историчар, кој без емоции ги набљудува и оценува глобалните настани.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk