Home » Го отпуштија селекторот по натпреварот со Македонија, а сега ќе го доведат Раул?!

Го отпуштија селекторот по натпреварот со Македонија, а сега ќе го доведат Раул?!

by Lina Muslija

Поранешниот голгетер на Реал Мадрид, Раул Гонзалес е еден од водечките кандидати за преземање на репрезентацијата на Ерменија, изјави заменик претседателот на фудбалскиот сојуз на оваа земја, Армен Никогосијан.

Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес би можел да биде нов селектор на репрезентацијата на Ерменија откако оваа земја по поразот од Македонија се раздели со Александар Петраков.

Раул тренерската кариера ја започна во сезоната 2018/19 кога ги ​​водеше помладите категории на Реал Мадрид, а потоа го презеде Б тимот и во еден момент беше познат како потенцијална замена за Зинедин Зидан, но таквите најави не се остварија.

Сега би можел да ја добие својата прва селекторска работа. Ерменија како што е познато е во група со Македонија во Лигата на Нации и на второто место Ерменците имаат ист број на бодови со Летонија, Македонија е лидер во групата со шест бода предност.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk