Официјален претставник на Обединетите Арапски Емирати рече дека „не знаат“ дали сирискиот претседател Башар ал Асад побегнал во нивната земја.
На прашањето дали Асад сега е во ОАЕ, дипломатскиот советник на претседателот Анвар Гаргаш им рече на новинарите: „Не знам“. Тој рече дека Асад претходно не ја користел „сламата на спасот“ што му ја понудиле различни арапски земји, вклучително и ОАЕ.
Гаргаш рече дека мора да почека и да види што ќе се случи следно во Сирија, но ОАЕ се надеваат на „крај на насилството и хаосот“. Решението е „кредибилна национална држава“, рече тој, додавајќи дека главната грижа на ОАЕ се „екстремизмот и тероризмот“.
Ројтерс јавува дека во моментот кога бунтовниците го окупирале главниот град, од аеродромот полетал патнички авион чиј транспондер престанал да пренесува сигнал веднаш по полетувањето.
Не се знае кој бил во авионот, ниту што се случило со него.
Неизвесно е што се случува со ал Асад, дел од светските медиуми објавија дека можеби неговиот авион се урнал, додека друи пак објавија дека наводно побегнал во Русија.