Home » „Го најдов додека се уште беше топол“: Девојката сведочеше на пад на метеор, сега е претставен во јавноста

„Го најдов додека се уште беше топол“: Девојката сведочеше на пад на метеор, сега е претставен во јавноста

by Lina Muslija

Јужноафриканските научници во средата покажаа фрагмент од метеорит кој беше откриен минатиот месец во мал град во провинцијата Источен Кејп.

Жителите на три провинции – Источен Кејп, Западен Кејп и Слободна држава – на 24 август објавија дека виделе сино-бело и портокалово светло на небото, придружено со звук на експлозија и вибрации.

Реткиот фрагмент од метеорит, црн и сјаен, со светлосиво јадро слично на бетон однадвор, тешко помалку од 90 грама и со дијаметар нешто помалку од пет сантиметри, го доби името Метеорит “Nqweba”, по блискиот град каде што беше пронајден.

 

„Фрикцијата со атмосферата создаде спектакуларна огнена топка и предизвика нејзино распаѓање при летот“, вели Роџер Гибсон, професор на одделот за геонауки на Универзитетот во Витвотерсранд.

Седејќи на тремот од куќата на нејзините баба и дедо, деветгодишната Елизе Ду Тот видела темен камен како паѓа од небото. Го зела и го дала на мајка си која им го предала на научниците.

 

 

 

Слушнав татнеж и видов камен како паѓа од небото. Отидов да го земам додека беше уште топол“, вели малото девојче.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More