Home » Го фатиле со 3.000 евра: Скопјанец осомничен за илегална продажба на кокаин

Го фатиле со 3.000 евра: Скопјанец осомничен за илегална продажба на кокаин

by Журнал.мк

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 42-годишник набавил наркотична дрога кокаин од засега непознато лице со намера неовластено да ја препродава.

На 6 јули, во вечерните часови, ставил 13 полиетиленски пакувања кокаин со вкупна нето маса од 5,09 грама во багажниот простор под седиштето на својот моторцикл и во отвори со гумен капак.

Полициски службеници го затекнале додека со моторциклот се движел во Градскиот парк, пред стадионот на АРМ и при преглед на превозното средство ја откриле дрогата и парични средства – 3.000 евра и 5.000 денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More