Home » GMC Hummer EV Overlander Concept

GMC Hummer EV Overlander Concept

by Lina Muslija

GMC во соработка со австралиската компанија EarthCruiser работи на камперска верзија на електричниот Hummer EV…

Засега е објавена една тизер слика, заедно со најавата дека вакво возило ќе биде претставено во форма на концепт на крајот на летото тековната 2023 година.

GMC Hummer EV Overlander ќе се заснова на pick –up камионет, искористувајќи го поголемото растојание помеѓу оските и вкупната должина.

Возилото ќе добие и соларни панели на покривот кои треба да обезбедат доволно енергија за потребите за кампување, така што батеријата на EV е зачувана за возење, односно само како погонска енергија.

Во соопштението за печатот не се дадени многу детали за проектот, но се вели дека Hummer како овој ќе им овозможи на клиентите „да го истражуваат светот на нов начин“.

Иако возилото е концепт, EarthCruiser планира да понуди сличен комплет во иднина доколку има доволно интерес.

Ленс Гилис (Lens Gilis), извршен директор и основач на EarthCruiser, вели: „Додека ја разгледуваме иднината, продолжуваме да гледаме кон клучните технологии како електрификацијата што ќе ни помогнат да истражуваме во децениите што доаѓаат.

Електрификацијата нуди возбудливи можности, како што се прецизна контрола на вртежниот момент на терен и леснотија на користење, покрај нула емисии. Возбудени сме што работиме со тимот од врвни EV инженери на GM и со нетрпение очекуваме да развиеме возило што ќе ја дефинира иднината на индустријата“, констатирал тој вп цвоето обраќање до медиумите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk