Home » Гласни и пркосни: Граѓаните бараа правда и одговорност

Гласни и пркосни: Граѓаните бараа правда и одговорност

by Журнал.мк

Собирот започна во 18.59 на Плоштадот Македонија, каде преку транспаренти беа испратени пораките: „Вашиот систем уби една цела генерација”, ,,Жртви на корупција”, „Лесно запалива држава”.

Илјадници граѓани вечерва на улиците на Скопје, во мирен протестен марш побараа правда и одговорност за жртвите во пожарот во Кочани. Собирот започна во 18.59 на Плоштадот Македонија каде преку транспаренти беа испратени пораките: „Вашиот систем уби една цела генерација”, ,,Жртви на корупција”, „Лесно запалива држава”, „Ваш профит, наши животи“.

По триминутниот молк за загинатите во Кочани и положување цвеќе на плоштадот “Македонија”, граѓаните носејќи транспарент „Системот е следен”, се упатија кон Собранието каде извикуваа „Уааа” за пратениците. Во Жена-парк наспроти Собранието и Градската болница пак со силен 5-минутен аплауз ги поздравија здравствените работници. Маршот продолжи кон Холидеј ин, преку мостот Филип II и се движи по булеварот “Гоце Делчев” до Владата каде граѓаните изикуваа „Уа профитери“ и „Уа убијци“по што со 16 минутен молк се оддаде почите на настраданите во пожарот во Кочани. Ниту силниот дожд не ги попречи граѓаните и тие останаа пред Владата.

-Протестираме првично затоа што сакаме да останеме да живеемe тука и да ни е безбедно дома, изјави вечерва Милена Јаневска од „Кој е следен“.

Таа рече дека очекуваат одговорност од сите што се поврзани со трагедијата која се случи во Кочани на 16 март, каде загинаа 59 луѓе.

Истовремено, МВР изнформираше дека овие улици се затворени за сообраќај, а попладнево стигна соопштение во кое се вели дека Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на град Скопје:

1. Плоштад „Македонија,
2. Улица „Димитрие Чуповски“,
3. Булевар „11 Октомври пред Собрание на РСМ,
4. Улица „Филип Втори“,
5. Булевар „Гоце Делчев“ до булевар „Илинден“ и
6. Пред Влада на РСМ.

„Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја.Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство“ стои во изјавата на МВР.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk