Партијата на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш постигна договор со ДУИ за заеднички настап на парламентарните избори.
Како што вчера објавивме, Дудуш се сретна со Али Ахмети и се договорија за предизборна коалиција со ДУИ.
Сега тој добива кандидат за пратеник, a се работи за неговата сопруга Фатима Османовска.
Таа ќе биде број 5 во изборната единица 2.
Дудуш добил и ветување за функцијата директор на ГТЦ-Скопје, како и директор на Центарот за социјална работа – Скопје.