Кристијано Роналдо мини паузата во Серија А ја користи за одмор во Дубаи, но на сите им е јасно дека ЦР7 не може да седи мирен. Во спортскиот комплекс Над Ал Шеба, Португалецот одработи тренинг во теретана и тоа со Новак Ѓокови, кој се подготвува за стартот на новата сезона и турнеата во Австралија.
Португалецот ја искористи оваа ситуација за да му објасни на Србинот како да скокне повисоко. Кристијано Роналдо неодамна го воодушеви фудбалскиот свет со својот скок од преку 70 сантиметри на дуелот со Сампдорија.
„Го учам Ѓоковиќ како да скокне!! Задоволство ми е што се сретнавме повторно и што имав прилика да тренирам со тебе пријателе“ – напиша Кристијано Роналдо на Инстаграм.