Home » Гир: Не можам да коментирам за случувањата во Алијанса за Албанците, ниту за внатрешна политика на државата

Гир: Не можам да коментирам за случувањата во Алијанса за Албанците, ниту за внатрешна политика на државата

by Журнал

Евроамбасадорот Дејвид Гир на новинарско прашање во врска со актуелните случувања во Алијансата за Албанците посочи дека не може да коментира прашања кои се поврзани со внатрешна политика, ниту пак за случувањата во самите политичките партии.

-Јас не можам да коментирам за прашања кои се поврзани со внатрешна политика, ниту пак прашања поврзани со случувањата во политичките партии, изјави Гир кој денеска присуствуваше на донација на амбулатни возила во скопската Итна помош.

На прашање зошто средбата со претседателот на ДУИ Али Ахмети во декември се одржала во просториите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Гир рече дека ја признава грешката.

-Се разбира дека понекогаш луѓето грешат. Јас направив грешка затоа што средбата се одржа во просториите на Министерството за политички систем, тоа се институции во кои треба да се одржат состаноци кои ја засегаат само Владата. Ја признавам грешката, додаде Гир

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More