Амбасадорот Дејвид Гир ја расчисти маглата околу евроскептицизмот во земјата. Ниту е точно дека Европската унија не ја сака Македонија како своја членка, ниту е точно дека земјата не е способна да биде членка на Унијата.
Вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и се приклучи на ЕУ или затоа што ЕУ не ја сака внатре или затоа што не е способна да биде дел од ЕУ. Ни едното ни другото не е точно. Сакаме Северна Македонија да биде дел од ЕУ патот е практичен и многу остварлив, рече шефот на делегација на Еу дејвид гир.
Гир ја повика Македонија да се придвижи кон Унијата што е можно побразо, со исполнување на обврските од јули 2020-та.
Тој зборуваше пред останатите амбасадори на настан за одбележување на четри-годишнината од членството на Македонија во НАТО што го организираше министерот за надворешни Бујар Османи. По руската воена агресија во Украина проширувањето стана и безбедносно прашање, вели Османи и ја повикува Унијата да го забрза процесот.
Демократските вредности и начин на живот ќе преовладаат ако има доволно политичка поддршка и заедничка акција на политичкиот Запад исто како и солидарност со оние кои ги прифаќаат истите вредности и бескомпромисно се залагаат за нив. Ова е причина повеќе за поголема динамика во европската и евроатлантската интеграција на регионот, рече османи.
Македонија стана членка на НАТО пред четири години, отако се реши деценискиот спор со Грција околу името. Вицепремиерот за европски прашања вели земјата плати висока цена, но се има оправдување за големите политички жртви бидејќи беа вредни за граѓаните и за државата.
Нашиот пат кон НАТО не беше лесен. Плативме висока цена. Но, имавме чувство за една возвишена цел која ја правиме и која ја работиме за членството во НАТО и членството во ЕУ, рече маричиќ.
Македонија уште еднаш ја потврди својата поддршка за Украина велејќи дека ќе ја поддржува онолку колку што е потребно. Во овој геополитички контекст, Османи смета дека политиката на отворени врати на НАТО и проширувањето се важни и за двата сојузи.