Home » Гир: Европскиот парламент е единствениот транснационален парламент во светот, кој се бира на директни избори

Гир: Европскиот парламент е единствениот транснационален парламент во светот, кој се бира на директни избори

by Журнал.мк

Европскиот парламент е единствениот транснационален парламент во светот, кој се бира од народот на директни избори, посочи евроамбасадорот Гир во вечерашната Топ Тема на Телма, каде зборуваше за тоа зошто европските избори треба да бидат важни и за земјава, иако таа сѐ уште не е членка на унијата.

ВАЖНО Е, БИДЕЈЌИ ОДЛУКИТЕ КОИ ОВОЈ ПАРЛАМЕНТ ЌЕ ГИ ДОНЕСЕ ВО СЛЕДНИТЕ ГОДИНИ ЌЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ЖИВОТИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ШИРУМ ЕУ, НО ИСТО ТАКА И ПОШИРОКО, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ ТУКА ОСОБЕНО И ОНИЕ ЗЕМЈИ КАНДИДАТИ КОИ НАПРЕДУВААТ НА ПАТОТ КОН ЕУ. ЗНАЧИ, ИМА ЗАКОНОДАВНИ ОВЛАСТУВАЊА И ЌЕ СЕ ПОСВЕТИ НА ПРАШАЊАТА КАКО ЗЕЛЕНАТА ТРАНЗИЦИЈА, ЕКОНОМИЈАТА, ЕКОНОМСКАТА ИЗДРЖЛИВОСТ, СОЦИЈАЛНИ ПРАШАЊА, МИГРАЦИЈА, НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО ОБЛАСТИ КАКО ШТО НЕОДАМНА ВИДОВМЕ СО ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА, ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА, СИТЕ ВАКВИ КЛУЧНИ ПРАШАЊА СЕ ПРЕД ЕП И ИМА ЗАКОНОДАВНИ ОВЛАСТУВАЊА ДА ВЛИЈАА ВРЗ ЛУЃЕТО ОД ЕУ, НО КАКО И ОВИЕ ДРЖАВИ, КАКО ЗАПАДНИОТ БАЛКАН САКА ДА Ѝ СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕУ, ИСТО ТАКА ЌЕ ИМА ВЛИЈАНИЕ И ТАМУ, РЕЧЕ ЕВРОАМБАСАДОРОТ.

Додаде дека изборите се важни затоа што Европскиот парламент го надгледува буџетот на ЕУ, со што повторно може директно да влијание врз земјите од Западен Балкан.

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИЗБОРИТЕ ИСТО ТАКА ЌЕ ГИ ОБЛИКУВААТ ИНСТИТУЦИИТЕ ВО САМАТА ЕУ, ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА, НО И ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ КОИ ПАК ЌЕ КАЖАМ, ЌЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА ИДНИТЕ НАСОКИ НА САМАТА ЕУ. ПОСЛЕДНО, НО НЕ И НАЈМАЛКУ ВАЖНО, ЕДНО ОД ПРАШАЊАТА КАДЕ ЕП ИМА ВАЖНА УЛОГА Е САМОТО ПРОШИРУВАЊЕ, ЗНАЧИ ТОА ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА НА ОВИЕ ИЗБОРИ ЌЕ БИДЕ ЗНАЧАЈНО ВО ПОШИРОКАТА ДИСКУСИЈА ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО, ДОДЕКА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПРИБЛИЖУВААТ КОН ЕУ, РЕЧЕ ГИР.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More