Home » Гигант сака да го купи мрежниот бизнис на Nokia

Гигант сака да го купи мрежниот бизнис на Nokia

by Lina Muslija

Последните информации говорат дека јужнокорејскиот Samsung е заинтересиран да купи дел од бизнисот на Nokia.

Иако Nokia имаше проблем да остане во чекор со најголемите играчи во мрежниот бизнис сегмент, како што се Ericsson и Huawei, финската компанија сè уште е еден од поважните играчи на пазарот на мрежната инфраструктура.

Од друга страна, Samsung има своја филијала на Radio Access Network (RAN), но таа е релативно мала и имаше пазарен удел од 6,1 отсто минатата година.

Сега инсајдерите во индустријата нудат информации и гласини кои сугерираат дека Samsung има желба да го купи бизнисот со мрежната инфраструктура на Nokia за да го зајакне сопствениот бизнис RAN.

Наводно, Samsung е подготвен да понуди 10 милијарди долари за оваа аквизиција. Доколку договорот биде реализиран, Самсунг практично ќе стане вториот најголем снабдувач на опрема RAN во светот, со пазарен удел од 25,6 проценти.

Samsung веќе произведува 4G и 5G базни станици, чипсети, уреди, радио опрема и други мрежни елементи, така што јужнокорејскиот гигант не би бил новодојденец во областа на мрежната инфраструктура. Компанијата ја снабдува својата мрежна опрема на познати провајдери ширум светот, вклучувајќи ги Telus Canada, O2 во Германија, Reliance Jio во Индија, KDDI и NTT DoCoMo во Јапонија, Dish и Verizon во САД и Vodafone во ОК.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk