Home » Ги убил директорот, професорка и секретарката, биле во комисијата што го суспендирала – хорор во гимназија во Сански Мост

Ги убил директорот, професорка и секретарката, биле во комисијата што го суспендирала – хорор во гимназија во Сански Мост

by Журнал.мк

Тројца загинати денеска во пукањето во гимназијата во Сански Мост (БиХ), а осомничен за нападот е вработен во тоа училиште, кој по крвавиот пир се обидел да си пресуди.

Како што пишува „Независне“, работникот М.В. рано утринава упаднал во училиштето и убил тројца вработени.

Според изјавите на очевидците, М.В. вооружен влегол во објектот на гимназијата.

Тој, според информациите, ги застрелал директорот на гимназијата Нијаз Халиловиќ, професорката Гордана Ниџан и секретарката Нисвета Кљуниќ.

Од тамошното МВР потврдија дека загинале тројца вработени во гимназијата, а осомничениот потоа се обидел да си пресуди.

Мотивот наводно се одредени несогласувања кои постоеле и претходно бидејќи убиените биле дел од комисијата која го суспендирала М.В., пишува „Независне“.

Во тек е истрага, а училиштето е опколено од силни полициски сили.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More