Home » Гевгеличанец демнел скопјанец и неговите три деца

Гевгеличанец демнел скопјанец и неговите три деца

by Журнал.мк

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 46-годишен жител на Гевгелија, кој е осомничен за дејствија на кривично дело „демнење“, кои ги извршил во Скопје кон еден оштетен и неговите три малолетни деца.

Како што информира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во периодот од 29 јануари до 29 април осомничениот го следел оштетениот при доаѓање или одење од работното место, го следел движењето на неговите деца додека оделе во основно училиште во Кисела Вода и се обидувал со пораки да воспостави несакан контакт. Со ваквите дејствија, како што се наведува, предизвикал чувство на вознемиреност, несигурност и страв кај оштетените.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетените, како и забрана за посетување на локациите каде го вршел демнењето.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk