Home » Гест кој го воодушеви светот: Били Ајлиш прекинала концерт за обожавателка да добие инхалатор

Гест кој го воодушеви светот: Били Ајлиш прекинала концерт за обожавателка да добие инхалатор

by Журнал.мк

Младата и славна американска пејачка, Били Ајлиш, го прекинала својот концерт во Атланта, за да ѝ овозможи на обожавателка со астма да добие инхалатор.

Били не сакала да го продолжи концертот одржан во Атланта во рамки на нејзината турнеја „Happier Then Ever“, сè додека не се уверила дека обожавателката е добро.

Настанот од концертот за медиумите го раскажала Дана Масијас, која била на концертот и рекла дека Били го прекинала настапот кратко откако една обожавателка побарала да го напушти своето место, бидејќи имала проблеми со дишењето.

„Били го забележа метежот и ги замоли сите да се повлечат и да направат простор. Луѓето потоа почнаа да бараат инхалатор, бидејќи една девојка имаше проблеми со дишењето. Били го прекина концертот“, изјавила Масијас.

На снимката од концертот се гледа како пејачката бара инхалатор од својот тим.

„Ти треба инхалатор? Во ред е, имаме еден. Луѓе, дајте ѝ време и не правете метеж. Опушти се, сè е во ред“, вели Били.

Пред да го продолжи концертот, се уверила дека девојката е добро.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk