Home » Германските разузнавачи заклучиле дека коронавирусот потекнувал од лабораторија во Вухан

Германските разузнавачи заклучиле дека коронавирусот потекнувал од лабораторија во Вухан

by Журнал.мк

Коронавирусот, кој се прошири низ светот пред пет години и го блокираше животот во многу земји, потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан, според германската Федерална разузнавачка служба (Bundesnachrichtendienst, BND), како што објавија германските и швајцарските медиуми во средата.

„BND поседува јасни докази дека вирусот Sars-CоV-2 потекнува од Институтот за вирологија во Вухан“, објавија медиумите.

Според овие наводи, германската разузнавачка служба уште во 2020 година имала докази дека коронавирусот се проширил низ градот, а подоцна и низ целиот свет поради „лабораториска несреќа“ во Вуханскиот институт за вирологија, во чие основање неколку години претходно учествуваа и САД и Франција.

Овој заклучок е донесен по анализата на податоците кои биле собрани од отворени извори, медиумите и кои наводно стигнале до германските власти како дел од разузнавачката операција со кодно име „Saaremaa“.

Податоците, од кои некои наводно потекнувале од Институтот за вирологија во Вухан, лоциран во кинескиот град каде што се верува дека започнала пандемијата, покажа дека таму биле користени „некои ризични методи“ на истражување, надополнети со „прекршување на правилата за безбедност во лабораториски услови“, се вели во извештаите.

Во медиумските написи се вели дека „има докази дека истражувачите од Вухан спровеле таканаречени експерименти за зголемување на функцијата, во кои се манипулираат со вирусите што се појавуваат во природата“. Ваквото истражување може да предизвика промени во начинот на кој вирусот предизвикува болест, неговата преносливост и типовите на домаќини што може да ги зарази.

Резултатите од истражувањето на BND, на кои бирото им дала веројатност на точност од 85 до 90 отсто, ги знаела и тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, која според пишувањата на медиумите, меѓу кои и дневниот весник Süddeutsche Zeitung и неделникот Die Zeit, го спречила објавувањето на овие податоци. Нејзиниот наследник Олаф Шолц го направил истото.

Портпаролката на германската влада во средата одби да ги коментира медиумските извештаи, велејќи дека владата јавно не ја коментира работата на тајните служби.

Податоците со кои располага BND, како што пренесува швајцарскиот весник Neue Zuericher Zeitung (NZZ), германската канцеларски кабинет ги дала на вештачење на група научници.

Иако официјалните резултати од вештачењето не се објавени, научниците наводно сѐ уште се поделени околу теоријата за потеклото на вирусот.

Експертите велат дека недостигаат „конечни докази“ дека вирусот потекнува од лабораторија. Добар дел од нив веруваат дека вирусот се пренесувал од животни на луѓе на фарми.

„Кинеските научници имаат механизми да обезбедат докази дека вирусот навистина настанал природно, но досега немаат објавено ниту една студија што би го докажала тоа“, рече еден од најпознатите германски виролози, Кристијан Дростен, коментирајќи ги најновите медиумски извештаи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk