Home » Германските компании планираат помалку вработувања, повеќе отпуштања

Германските компании планираат помалку вработувања, повеќе отпуштања

by Журнал.мк

Како што германската економија продолжува да попушта, помалку компании планираат да вработуваат нови работници, додека повеќе размислуваат за отпуштања, покажува новото истражување на институтот ИФО.

Месечниот барометар за вработување на институтот, кој се базира на редовно истражување на околу 9.500 германски компании, повторно падна во последниот извештај во четвртокот, јавува ДПА.

Барометарот сега го достигна најниското ниво од почетокот на пандемијата во 2020 година. Сепак, за разлика од времето на глобалната епидемија, овогодишниот пад не е ненадеен крах, туку речиси континуиран пад.

„Малку компании вработуваат нови работници“, вели авторот на истражувањето Клаус Вохрејбе. „Но, се зголемува уделот на компаниите кои сакаат да го намалат бројот на вработени.

Првенствено индустриските производители и трговците на мало планираат отпуштања, според истражувањето.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk