Home » Германски и шведски воени авиони пресретнале руски во близина на Летонија

Германски и шведски воени авиони пресретнале руски во близина на Летонија

by Журнал.мк

Германски и шведски авиони беа распоредени во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море поради присуството на руски борбени авиони кај брегот на Летонија, кои првично беа неидентификувани, пишува Билд.

Два германски борбени авиони Еурофајтер и два шведски авиони полетале како мерка на претпазливост за да воспостават контакт со руските пилоти додека летале кон Летонија. Според портпаролот на германското воздухопловство, на руските авиони им биле исклучени транспондерите, а пилотите не реагирале на радио повиците.

Понатаму, планот на летот на авионот не бил однапред соопштен, како што е вообичаено во регионот на Балтичкото Море.

Претходно беше објавено дека два стратешки бомбардери Б-52Х на американските воздухопловни сили пристигнале во Романија и за прв пат ќе бидат распоредени од таа земја.

Во јули, фински и шведски пилоти пресретнаа руски борбени авиони над Балтичкото Море.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More