Home » Германски Билд: Загина полицаец од придружбата на Орбан

Германски Билд: Загина полицаец од придружбата на Орбан

by Журнал.мк

Еден полицаец загина, а уште еден е тешко повреден откако придружбата на унгарскиот претседател Виктор Орбан била вклучена во страшен сообраќаен судир. Несреќата се случила околу 11:15 часот во квартот Дегерлох во Штутгарт, Германија, кога унгарскиот лидер бил придружуван до аеродромот.

Мотоциклистичкиот одред на сообраќајната полиција во Штутгарт го придружуваше унгарскиот претседател до аеродромот во Штутгарт на Лефелштрасе.

Но, 69-годишна жена која управувала со БМВ, занемарила дека полицијата веќе ја затворила раскрсницата, на раскрсницата свртела лево и удрила во моторциклот на 61-годишниот полицаец кој го следел автомобилот на Орбан.

Од силината на ударот моторот било фрлено врз моторот на 27-годишен колега на мотоциклистот, кој со својот мотор ја блокирал раскрсницата за сообраќај.

Во судирот двајцата полицајци се тешко повредени и итно се пренесени во болница, пишува германскиот таблоид „Билд“.

Но, и покрај максималните напори на итната помош, 61-годишниот полицаец набрзо починал од повредите.

Јавното обвинителство и полицијата во Штутгарт преку соопштение обзнанија дека се случила несреќа.

Орбан вчеравечер ја гледаше драматичната победа на Унгарија над Шкотска на натпреварот од Европското првенство.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More