Лекарите не можат да најдат причина, а тинејџерката има проблеми секогаш кога прави брз тест за коронавирус.
Според германски RTL на 13 април 2021 година, Ева за прв пат била тестирана на училиште со брз тест за корона. Тестот покажал позитивен резултат по што ја повикала мајка си Кристина да ја земе од училиште.
И тогаш започнува маѓепсаниот круг. Ева оди на ПЦР тест и е ставена во карантин додека не дојде резултатот. Три дена подоцна, дознава дека нема коронавирус. Следниот ден се враќа на училиште и наутро се тестира за корона со брз тест. Резултатот бил позитивен.
„Бев многу засрамена, под стрес. Не можев ништо да направам“, вели 15-годишното девојче.
Истото и се случувало со недели, пробала дури 30 различни брзи тестови за коронавирус, но сите дале позитивен резултат.
Докторите не знаат што се случува, а на почетокот никој не иверувал на девојката. Таа морала да направи неколку тестови во присуство на учител и лекар бидејќи тие не и
верувале.
„Не` научија дека може да има лажно позитивни тестови, дека можеме да го направиме тестот погрешно итн. Отпрвин никој не ни веруваше. Во последните девет месеци мојата ќерка неколку пати беше ставена во карантин, пропушти многу часови и не можев да направам ништо со пријателите, бидејќи учеството во јавниот живот е можно само со брз тест или дополнителна вакцинација. Мислев дека никогаш нема да заврши бидејќи никој не можеше да најде причина зошто брзите тестови секогаш покажуваат дека ќерка ми е позитивна на корона“, вели Кристин.
Во меѓувреме, управата на училиштето ја ослободила 15-годишната тинејџерка од обврските за тестирање, а таа примила две дози вакцина.
„Мислевме дека тоа ќе помогне и извесно време таа ја имаше својата слобода додека властите не го воведоа правилото 2G Plus. Сега повторно е исто. Ева сега може да добие трета или засилена доза, а потоа ќе имаме мир додека не дојде правилото 2G плус со ѕвездичка “, вели мајката, пренесува РТЛ.