Home » Германија со 10 милиони случаи на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата

Германија со 10 милиони случаи на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата

by Журнал.мк

Со 208.498 новозаразени лица во последните 24 часа Германија денеска ја надмина бројката од 10 милиони вкупни инфекции од почетокот на пандемијата.

Како споредба, на 2 јануари беа регистрирани 12.515 нови случаи.

Со новите бројки поставен е рекорд и во седумдневна инциденца од 1227,5 случаи на 100.000 жители, во време кога многу заразниот сој омикрон се шири низ земјата.

Бројот на умрени во последното деноноќие се зголеми за 196 и сега има вкупно 118.170.

Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах, изјави дека очекува бранот од сојот омикрон својот пик да го достигне кон средината на февруари.

Тој ја спомена и можноста за олеснување на мерките кон крајот на февруари или почетокот на март, доколку ситуацијата остане под контрола.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More