Home » Германија повеќе ќе загуби отколку што ќе заштеди со укинувањето на е-субвенциите

Германија повеќе ќе загуби отколку што ќе заштеди со укинувањето на е-субвенциите

by Журнал

Зависно од тоа колку ќе опадне продажбата на електрични автомобили во Германија, откако семафор-владата реши да го укине т.н. бонус за животна средина, државата може да биде повеќе во загуба отколку во добивка.

Ненајавеното укинување на помошта за купување електрични автомобили, според една студија, може на Германија да ѝ донесе многу помала заштеда, отколку што беа првичните процени.

Постои опасност дека продажбата на електрични автомобили ќе се намали драстично, се укажува во редовниот извештај на КАР-Ауто, за состојбите на автомобилскиот пазар.

Доколку продолжи истата динамика на продажба на електрични автомобили на приватни лица, би можело да се заштедат 510 милиони евра, посочува студијата што беше објавена во понеделникот. Но, доколку продажбата опадне за десет проценти, тогаш заштедата ќе се сведе на 350 милиони евра. Објаснувањето е во тоа што мора да се смета и на намалениот приход од наплата на данок на додадена вредност.

Од друга страна, доколку продажбата на автомобили опадне за 42 проценти, како што беше случај при укинувањето на субвенциите за службени електрични автомобили, смалениот приход од наплата на данок на промет, ќе ја надмине заштедената сума што требаше да биде исплатена за субвенции за електрични автомобили за 176 милиони евра – тоа значи дека државата ќе биде во загуба. „Позитивна“ нула се постигнува доколку продажбата на електрични автомобили се смали за 32 проценти во споредба со 2023 година.

Погрешна одлука

„Од наше гледиште, сојузната влада донесе погрешна одлука со укинувањето на бонусот за животна средина за електричните возила“, коментираат авторите на студијата. Заштедата ќе биде премала.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More