Home » Германија ја очекува дополнителен пад на продажбата на електрични автомобили

Германија ја очекува дополнителен пад на продажбата на електрични автомобили

by Журнал.мк

Германските стручњаци од автомобилската индустрија дополнително ја намалија својата прогноза за очекуваната продажба на електрични автомобили во 2024 година, наведувајќи ја слабата побарувачка.

Здружението на германската автомобилска индустрија (VDA) предвидува дека оваа година ќе бидат продадени 372.000 електрични автомобили, што е за 29 отсто помалку од лани.

Во VDA претходно очекуваа пад од 25 проценти или 393.000 продадени автомобили од овој тип. Во првите девет месеци продадени се 276.000, што е за 29 отсто помалку во однос на истиот период лани.

Како причина VDA го наведува минатогодишното укинување на субвенциите за електричните автомобили, поради што во 2024 година тие ќе сочинуваат само 13 отсто од регистрираните нови возила.

Во Германија годинава опадна и вкупното производство на автомобили. Годинава се произведени 3,11 милиони, што е за еден отсто помалку од лани и за 13 отсто помалку во однос на предпандемиската 2019 година.

Од друга страна, во споредба со минатата 2023 година, Германија го зголеми извозот на автомобили за три отсто, но тоа е сепак за 10 отсто помалку од 2019 година, пишува агенцијата dpa.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk