3.8 C
Skopje
22 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаГерасимовски: Сите уреди за мерење на бучава се инсталирани – инспекциските служби...

Герасимовски: Сите уреди за мерење на бучава се инсталирани – инспекциските служби извршуваат контроли на 30 локации во Центарот

- Advertisement -spot_img

Општина Центар успешно ја заврши првата фаза на воспоставувањето систем за мониторинг на бучавата во јавниот простор. Спроведено е поставување на 30 уреди за мерење на бучава на различни важни локации низ општината. Уредите се инсталирани на улиците: „Народен фронт“, „Наум Наумовски Борче“, „Орце Николов“, „Михаил Цоков“, „Славка Недиќ“, „Живко Чинго“, „Радњанска“, Бул. „Климент Охридски“, „Ленинова“, „Самоилова“, „Отон Жупанчиќ“, „Мирослав Крлежа“, „Ѓорѓи Пешков“, „Пиринска“, „Јордан Мијалков“ и на Кеј „13-ти Ноември“.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека овие уреди служат исклучиво за индикативни мерења и се значајна алатка за поддршка на инспекциските служби. „Уредите не регистрираат гласови, туку ја мереат амбиенталната бучава во децибели и фреквенцијата на звукот. Со тоа се создава можност за побрза и поефикасна реакција на инспекциските служби, како и подобра заштита на јавниот ред и мир“, изјави Герасимовски.

Од Општина Центар информираат дека податоците добиени од уредите служат како индикатор за дополнителна теренска контрола, при што не се иницираат прекршочни постапки само на основа на овие мерења. Инспекцијата за животна средина работи согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, а санкции се применуваат исклучиво врз основа на официјални мерења извршени од акредитирана лабораторија.

Според член 56 од Законот, прекршочните санкции зависат од големината на правниот субјект и варираат од 6.000 до 7.000 евра за микро, од 13.000 до 14.000 евра за мали, и од 37.000 до 41.000 евра за средни правни субјекти. Уредите посебно се насочени кон бучавата која потекнува од угостителски објекти и сообраќајот, со цел да се подобри квалитетот на животот и да се заштити јавниот мир на граѓаните во Општина Центар.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img