Home » Герасимовски: Се подготвува проект за новиот изглед на салата „Работнички“

Герасимовски: Се подготвува проект за новиот изглед на салата „Работнички“

by Журнал.мк

Општина Центар го чека идејниот проект за салата „Работнички“. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, кој денеска гостуваше во утринската програма на Телма телевизија, откри дека клубот за две години се вратил на старите победнички патеки, а шампионската слика ќе ја комплетира со новата сала.

„Се уште немаме идејно решение како салата ќе изгледа, но ќе биде со истите димензии, целосно реконструирана, со нов паркет и трибини, нови санитарни чворови и нов кров“, рече Герасимовски.

Тој исто така истакна дека како и салата така и клубот биле во многу лоша финансиска состојба, но по спонзорството во 2022 година клубот почнал да се крева. Со добиените средства од Владата во вредност од 30 милиони денари минатата година, клубот сериозно се враќа на шампионските патеки.

„Во 2021 ноември кога дојдов во општината како градоначалник, клубот беше на десетто место со четири неисплатени плати, со лоши внатрешни односи и со околу 600 000 евра долг. Во моментов клубот е на прво место. Има сериозни спонзори, одлична екипа на играчи, но и внатрешните односи се на високо ниво. Од долгот останати се околу 70 000 евра од 600 000 колку што должеше пред 2 години. Очекуваме оваа година да бидеме шампиони и да го задржиме како и досега првото место, како и многу успеси во текот на следната година. Се враќа Работнички на победничките патеки“, рече Герасимовски.

Тој во гостувањето зборуваше и за идните проекти на општината како поставување на фотоволтаици, катната гаража во Капиштец, новите зеленила, проектите за намалување на проблемот со паркирањето и др.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More