Home » Герасимовски: Потребна е заедничка стратегија на градот и општините за проблемот со загадувањето

Герасимовски: Потребна е заедничка стратегија на градот и општините за проблемот со загадувањето

by Журнал.мк

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакна дека е потребна стратегија на ниво на Град Скопје кадешто ќе се вклучи градот и сите општини во решавање на проблемот со загадувањето во Скопје.

Герасимовски потенцира дека се поставени филтри за прочистување на воздух скоро во сите основни училишта на територија на Општина Центар и со самите градинки.

„Дополнително, во градинките се поставени НАНО филтри на прозорците за прочистување на воздухот и планираме во текот на следната година да започнеме поставување филтри на прозорците и во самите училишта. Покрај садење на зеленило, покрај поставување на филтери за прочистување и надворешно прочистување на воздух, бараме начин да преку субвенции на тротинети и велосипеди ги менуваме навики за што поголем број на луѓе помалку ги користат возилата како превозно средство“, вели Герасимовски.

Тој изјави дека градскиот превоз не ни е на задоволнително ниво коешто дополнително прави проблем и со загадување, но и со сообраќаен хаос низ општината и општините во градот.

„Бараме начин како општина да се справуваме со овој проблем. Имаме одреден план и стратегија што ги спроведуваме, но важно е да се вклучат сите општини заедно за решавање на овој заеднички проблем со загадувањето“, посочува Герасимовски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk