Home » Герасимовски: Најавената поддршка за општините има многу нејаснотии

Герасимовски: Најавената поддршка за општините има многу нејаснотии

by Журнал.мк

Членот на ЦО на СДСМ и градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во емисијата Топ Тема рече дека најавите на Владата за мега проект за поддршка на општините не е ништо ново, затоа што секоја влада досега одвојувала големи финансиски средства за поддршка на општините и потенцираше дека има многу нејаснотии.

-Не би го нарекол дека ова е мега проект. Секоја влада претходно одвојувала пари за општините. И во минатото, претходната Влада, дури и оваа година има одредени општини со големи финансиски средства поддршка. Дополнително има многу нејаснотии она што се најавува. Не знаеме како ќе функционира оваа распределба на средствата. Дали ќе стигнат до сите општини? Не. Досега има два критериуми, готов проект и по глава на жител. Не знаеме дали ќе се земе урбани или рурални средини? Не знаеме каков е начинот на искористување? Има многу нејаснотии., рече Герасимовски.

Друго што е многу важно е не само што не може да се реализираат најавените 100 милиони евра до крајот на годината, додаде Герасимовски.

-Како и да е до крајот на годината нема теоретска шанса да се реализираат, максимум од 3-5% од планираните може да се реализираат. Оваа година со сигурност тие средства не можат да се исцрпат, рече Герасимовски.

Општина Центар побарува околу 130 милиони денари, за два проекти, втора фаза за реконструкција на сала Работнички и партерно уредување на Зелен пазар, на барање на граѓаните, рече Герасимовски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk