Home » Герасимовски: 100 семејства добија по 7.000 денари за новороденче, децата се нашето богатство

Герасимовски: 100 семејства добија по 7.000 денари за новороденче, децата се нашето богатство

by Журнал.мк

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска им врачи решенија за еднократна парична помош на 100 семејства кои имаат новороденче. Еднократната парична помош којашто редовно Општина Центар ја доделува е во висина од 7.000 денари.

Герасимовски потенцираше дека Општина Центар вложува многу во растот и развојот на децата.

„Децата се нашето богатство и наша иднина, затоа и јас како градоначалник и ние како општина вложуваме многу во нивниот раст и развој. Посветуваме посебно внимание во нивен квалитетен развој, но и во поминување на нивните школски денови. Ги подобруваме условите со цел да им овозможиме достоинствен престој во градинките и во основните училишта. Упатувам благодарност до општествено одговорните компании за соработката. Радувајте се секојдневно на вашите најмали, затоа што они се и нашата светла иднина“, рече Герасимовски.

Покрај финансиските средства, новите родители добија и пакет педијатриски производи и услуги од општествено одговорните компании Жан Митрев, Mollers, Веледа, Хип, Европа лек фарма и Би-МЕК.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk