Home » Георгиевски: Некои луѓе и од едната и од другата страна ги расипуваат односите меѓу Македонија и Бугарија

Георгиевски: Некои луѓе и од едната и од другата страна ги расипуваат односите меѓу Македонија и Бугарија

by Журнал

Некои луѓе и од едната и од другата страна секогаш го расипуваат подобрувањето на односите меѓу Македонија и Бугарија, тоа се случува во циклуси, вели во денешното гостување во Инфомакс, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

– Сметам дека последното заладување во овие односи дојде во многу непријатно време кога, тогаш беше Заев премиер, направи максимални напори со тој договор за пријателство, серија на мерки преземени од страна на Македонија, се чувствуваше големо затоплување на односите. Во Бугарија велеа никогаш немало такво затоплување, бугарски институт имаше утврдено дека во тој договор меѓу договорот за соработка и ветото најпопуларен странски политичар во Македонија бил Бојко Борисов, сега е Вучиќ. Тогаш 1-2% ги сметале Бугарите за најголем непријател, сега е над 30-40%.

Јас 30 години зборувам дека односите треба да се подобрат, зборувам за општата историја, но Бугарија сакаат да докажат дека и во ветото се исправни. Јас тоа не можам да го премолчам и и јас сум на мислење дека тоа вето направи еден расцеп, јаз дополнителен меѓу двете држави. И работата не е во документите, туку во емоцијата на луѓето, како да се поврати таа емоција која пред три години беше сосема друга кон Бугарија, вели Георгиевски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk