Home » Георгиевски: Бугарите немаа разбирање додека Заев беше премиер

Георгиевски: Бугарите немаа разбирање додека Заев беше премиер

by Журнал.мк

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски ја поздравува новата енергија и дух во преговорите меѓу Македонија и Бугарија.

-Двајцата нови премиери го внесоа тоа, не дека тој дух не постоеше кај Заев. Очигледно за жал, кај Бугарите немаше разбирање додека тој беше премиер. Не можеме, а да не го препознаеме новиот ветар, вели Георгиевски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Георгиевски смета дека и во двете општества има душегрижници кои наоѓаат мааани на се и сешто.

-Во бугарската политичка сцена некои измислуваат проблеми каде ги нема, зошто Петков дошол во Скопје, зошто Ковачевски не бил на „баци рака“ во Софија итн. Додека пак овде, имам чувства дека ботови без да видат што се случува реагираат по автоматизам, информира поранешниот премиер.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More