Home » Георгиев до Македонија: Уставот мора да се промени, бидејќи ниту една земја не влегла во ЕУ без да плати цена

Георгиев до Македонија: Уставот мора да се промени, бидејќи ниту една земја не влегла во ЕУ без да плати цена

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, преку Австрија ѝ испрати порака на Македонија дека нема план Б во однос на нејзиното пристапување кон Европската унија со придржување до Преговарачката рамка што го содржи т.н. Француски предлог.

„Нема План Б. Постои само еден план, а тоа е: исполнување на консензусот, промена на Уставот, исполнување на условите. Ниту една земја не добила членство во Европската унија бесплатно. Сите плативме цена, сите се придржувавме до поставените критериуми. Преговарачката рамка што Европската унија ја договори со Република Северна Македонија е јасна и категорична. Јас сум сигурен дека самата Европска унија нема да дозволи сомнеж во својот став преку некакво заобиколување на правилата“, изјави Георгиев за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Тој рече дека лично разговарал со својот австриски колега за процесот на преговорите на Македонија со ЕУ и лично бил уверен дека нема да има промена во позицијата на Австрија за преговарачката рамка на Скопјe за почеток на преговорите за членство.

„Не можам да одговорам на прашањето дали Скопјe бара поддршка од Австрија за да го заобиколи францускиот предлог – тие веројатно бараат таква поддршка, а дали ќе ја најдат е друго прашање. Нашата улога во овој случај е да обезбедиме ЕУ да продолжи да се придржува до европскиот консензус. Разговарав со мојот австриски колега и го уверив дека нема ниту еден сантиметар отстапување од она што Северна Македонија треба да го направи – да го измени својот Устав и да ги исполни критериумите што се поставени. Кои тврдења ги шири другата страна е посебно прашање“, рече Георгиев.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk