28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Genesis го покажа стилскиот концепт наречен X

Најчитани вести

Корејскиот производител го претстави својот нов концептен автомобил наречен Genesis X со кој ги демонстрира своите дизајнерски намери за престојните возила

Genesis X е само петтиот концепт во историјата на младата компанија. Со неговото претставување, корејскиот производител сака да го покаже новиот дизајнерски јазик. Прикажан преку тематиката Two Lines, тој ќе се применува кај новите автомобили на марката. Со својата ниска и широка постава, автомобилот ги покажува стилските насоки на Genesis. Пред се, тоа се однесува на препознатливата решетка и „двете линии“.

Genesis X

„Genesis X може да се опише како ултимативната визија на атлетската елеганција. Препознатливата Two Lines тематика и одржливиот луксуз ќе бидат отпечатоците на футуристичките дизајни и врвните технологии кои Genesis тежнее да ги присвои во идните модели“.

Предната решетка, на пример, го комбинира новото со она што веќе е познато. Иако нејзината форма е препознатлива, се карактеризира со 3D G-Matrix шема која е дизајнирана да акцентира колку е футуристички овој електричен концепт. Хаубата и предните крила се еден дел, со што се креира таканаречен „clam-shell“ дизајн. Со ова, велат од компанијата, се креира „чиста, сензуална и беспрекорна површина“.

Доколку се прашувате зошто на електричен автомобил му е потребна решетка или хауба која е толку долга, постојат неколку добри причини. Прво, изгледа добро, но Genesis X е исто така дизајниран за да го „сече“ воздухот што е можно поефикасно. Формата е избрана за разладување на батериите и да биде што е можно поаеродинамичен. Така, Genesis X изгледа како што изгледа со цел да се максимизира опсегот на движење.

Секако, постојат и други ЕВ дизајнерски елементи кои се поистакнати. Меѓу поестетските избори се флуоросцентно зелените шапи од сопирачките. Нивната боја е избрана конкретно за да нагласат дека автомобилот е „зелен“. Тука е и капачето на лизгање зад кое се наоѓа приклучокот за полнење, со што продолжува Two Line тематиката која е забележлива кај предните и задните светла.

Genesis X

Дури и бојата на каросеријата е избрана како потсетник на одржливоста. Наречена Lençóis Blue, оваа боја е инспирирана од лагуните во Lençóis Maranhenses националниот парк во Бразил.

Во внатрешноста ГТ нагласокот продолжува со кокпит кој е заоблен и насочен кон возачот, пред кого се наоѓаат сите важни информации. Од Genesis велат дека сакале да го „обиколат“ возачот со контролната табла и „лебдечката“ централна конзола. „Слободниот“ екран менаџира со функциите на Genesis X, а Crystal Sphere електронскиот селектор на брзини додава дополнителен луксуз во кабината.

Автомобилот е толку фокусиран на возачот, што совозачот добива седиште во друга боја. Tака додека возачкото седиште е во Scotch Brown боја, совозачкото е финиширано во Ocean Wave Green Blue. Седиштата се инаку направени од рециклирани материјали како што се остатоци кои се користеле при производство на кожени елементи од други автомобили, безбедносни појаси, прекривки за воздушни перничиња и така натаму.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести