Home » Газдите на Рома веќе не можеле да го поднесат однесувањето на Мурињо

Газдите на Рома веќе не можеле да го поднесат однесувањето на Мурињо

by Журнал

Италијанските медиуми денеска ги открија главните причините за отказот на Жозе Мурињо од Рома. Клубот вчера објави дека португалскиот стручњак заминува од тренерското место, а на негово место доаѓа Даниеле де Роси кој ќе го води тимот до крајот на сезоната.

Како што објави „Ла Република“, вчера сопствениците на Рома, Дан и Рајан Фридкин, одржале состанок со Мурињо, на кој на виделина излегле многу несогласувања. Челниците на клубот истакнале дека се разочарани од резултатите на клубот оваа сезона, а исто така не сакаат повеќе да го толерираат однесувањето на тренерот. Тие биле незадоволни што Мурињо постојано создаваше конфликтни ситуации, ги обвинуваше судиите и одбиваше да ја преземе вината.

Фридкинс биле особено загрижени за тоа што се случи по финалето на Лигата на Европа, кога по натпреварот, главниот тренер на Рома го начека судијата Ентони Тејлор на паркинг и непристојно го навреди.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More