Home » Гаши за уставните измени: Собранието е подготвено, но потребна е политичка волја

Гаши за уставните измени: Собранието е подготвено, но потребна е политичка волја

by Журнал.мк

Претседателот на собранието, Aфрим Гаши, вели дека не може да даде конкретен одговор дали до крајот на декември ќе почне или не процедурата за уставни измени во контекст на отворањето на преговорите со еу.

„И можеме и не можеме да кажеме. ако нешто не зависи од нас, не можеме да тврдиме дека ќе има или не“, вели гаши во интервју за миа. тој очекува, кога ќе има каков било напредок околу ова прашање, дека ќе биде известен и вели оти веднаш ќе ја започне процедурата. но, ова прашање, како што вели тој, има две компоненти – едната е процедуралната и втората е политичката волја. Што се однесува до првата, гаши вели дека собранието заедно со службите и со комисијата е подготвено во секое време кога ќе има предлог за уставни промени да ги стави на дневен ред и со тоа да почне процедурата и да заврши како што е предвидено со уставот и со деловникот.

„Вториот дел што се однесува до политичката волја, тоа е прашање за политичките актери повеќе, лидери на политички партии, на мнозинството или на две третини од пратениците кои треба да ги усвојат тие измени и за тоа не сум претпоставен да одговорам“, вели Гаши.

Премиерот Христијан Мицкоски, за последниот предлог што го изнесе за уставни измени со одложено дејство, вели дека ќе почекаат прво во бугарија да се формира новата влада, па потоа предлогот ќе го достават до македонското собрание.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk