Home » Гаши се сретна со европратениците од мешовитиот парламентарен комитет

Гаши се сретна со европратениците од мешовитиот парламентарен комитет

by Журнал.мк

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со европратениците кои учествуваат на 23 состанок на Мешовитиот Парламентарен комитет Северна Македонија – Европска Унија.

Делегацијата, предводена од хрватскиот европратеник Карло Реслер, копретседавач на овој заеднички комитет е составена од 13 пратеници од речиси сите политички партии застапени во Европскиот парламент, вклучувајќи го и Томас Вајц, известител за Република Северна Македонија во Европскиот парламент. На состанокот присуствуваше и Михалис Рокас, амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во земјата.

Соговорниците го поздравија одржувањето на првиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет по одржаните избори и за Собранието и за Европскиот парламент и изразија надеж дека заедничката соработка ќе продолжи со истата динамика и интензитет и во престојниот период.

Гаши нагласи дека ЕУ интеграциите остануваат врвен стратешки приоритет и на Владата и на Собранието и изрази надеж дека силната поддршка која доаѓа од големото мнозинство во Европскиот парламент за нашите аспирации за полноправно членство во Европската Унија ќе продолжи и во иднина.

Европратениците истакнаа дека во моментот во однос на проширувањето на Европската Унија постои прозорец на можности кој треба да се искористи а информираа и дека Европскиот парламент како приоритет ја поставува зајакнатата соработка со парламентите на земјите од Западен Балкан.

На крајот соговорниците изразија уверување дека дводневната работа на Мешовитиот парламенатрен комитет ќе резултира со усвојување на заеднички препораки кои на балансиран и објективен начин ќе ги претстави сите аспекти на односите меѓу државата и Европската Унија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk