Home » Гаши побара министрите да внимаваат како се однесуваат кон пратениците

Гаши побара министрите да внимаваат како се однесуваат кон пратениците

by Журнал.мк

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска на брифинг со новинарите порача дека секој може да ги искажува политичките ставови без навреди. Пратениците се тие кои ги бираат министрите.

„Собранието има надзорна функција врз Владата, пратеничките прашања се алатка за постигнување на тој ефект и мислам дека особено Владата треба да биде внимателна во Собранието како се однесува кон пратениците, а министрите на седницата за пратенички прашања знаат дека доаѓаат да одговараат на прашања. Жалам што имаме такви испади како вчерашниот на министерката за финансии. Не е во склад со етичкиот кодекс. Повикувам да бидеме многу внимателни со говорот на омразата“ рече Гаши.

Ова беше негов став по вчерашната кавга, кога министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, од говорница ѝ рече на пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска дека нема право да зборува за потрошувачката кошничка затоа што нема деца и семејство.

Петровска реагираше дека министерката сакала да ја навреди и да ја омаловажи и дека го достигнала дното.

Социјалните мрежи зовреа од осуди за кажаното од министерката за финансии.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk