Home » Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“

Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“

by Журнал.мк

Претседателот на Собранието Африм Гаши во објава на Фејсбук пишува дека останува во коалицијата „Влен“ демантирајќи ги информациите објавени во некои медиуми дека излегува од коалицијата.

Како пратеник во републичкото Собрание останувам лојален на гласачите кои ме избраа на изборите на 8 мај 2024 година. Значи, Африм Гаши е член на Алтернатива во коалицијата Влен. Како претседател на Собранието, се трудам да бидам еднаков за сите пратеници и пратеничките групи, бидејќи тоа ми го наметнува уставната одговорност и функцијата што ја извршувам, напиша Гаши.

По несогласувањата со лидерот на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, од коалицијата „Влен“ најавија дека од следнава недела почнува процедурата за создавање на партиите од коалицијата во една политичка партија.

Лидерот на Демократско движење Изет Меџити, во интервју во емисијата „ПодГо“ на Телеграфи Македонија на албански јазик, информира дека новата партија ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма и листи на заеднички советници на претстојните локални избори.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk