Претседателот на Собранието Африм Гаши, изјави дека нема да се дозволи блокирање на работата на Комисијата за социјална политика по оставката на Илире Даути. Тој рече дека има право да назначи претседавач, за да продолжи со законите што ќе бидат разгледани во комисијата. Сепак, за да се избере нов претседател на комисијата, Гаши рече дека е потребен политички договор меѓу парламентарните партии.
„Комисијата не може да се блокира. Претседателот на Собранието мора да назначи пратеник кој ќе ја води седницата со законите од таа сфера. За да има нов претседател на комисијата, предлогот од пратеничките групи мора да биде доставен до комисијата за избори и именувања. Постои џентлмeнтска поделба. Кога за прв пат беше направена поделбата, беше одлучено комисијата да биде предводена од Европскиот фронт. Тие можат во секој момент да предложат претседател на комисијата за избори и именувања, но ако не предложат, за да не ја блокираат работата, јас, во својство на претседател на Собранието, предлагам претседавач“, рече Гаши.
Гаши вели дека не е негова должност при именувањето на пратеникот кој ќе ги води седниците, да се осигура дека тој или таа е од редовите на Европскиот фронт.
Шефот на Собранието говореше и за посетата на САД, за инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп. Податоци за трошоците според него може да се добијат преку законот за пристап до информации од јавен карактер. Тој инсистираше дека поканата била лична за него од страна на заедничкиот конгрес за инаугуративните церемонии и тој не била приватна посета.
„Бидејќи требаше да бидам присутен само на церемонијата, не сакав да направам трошоци. Поканата дојде во последен момент. Сакав да одам само со едно обезбедување, никој од кабинетот и никој од протоколот. Кога отидовме таму, поради климатските услови, местото каде што се одржа инаугурацијата се промени и целиот план пропадна, бидејќи влегоа сите граѓани. Видовме дека беше на ниво на митингот и само објавивме на социјалните мрежи, дека сме таму и присуствуваме на инаугурацијата и тоа беше информацијата. Не кријам ништо“, вели Гаши.
Гаши информираше и дека досега се отворени 39 канцеларии за средба на пратениците со граѓаните во општините. Тој додаде дека побарал од претседателите е на комисиите да не закажуваат активности во петок, за пратениците да можат да се среќаваат со граѓаните во локалните канцеларии. Но, дали пратениците ќе одат во овие канцеларии, ќе може да се провери само преку новата апликација што ја подготвува Собранието. Сепак, тоа зависи од волјата на пратениците и немаат законска обврска за тоа.