Home » Гаши: Локалните избори треба да се распишат кон крај на јули или почеток на август, интерпелацијата за Тошковски на 29 април

Гаши: Локалните избори треба да се распишат кон крај на јули или почеток на август, интерпелацијата за Тошковски на 29 април

by Журнал.мк

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека кон крајот на јули или почеток на август треба да се распишат локалните избори. Информира дека е побарано да се одржи јавна расправа во Собранието околу измените на Законот за локална самоуправа кои од Министерството за локална самоуправа се најавуваат веќе одреден период.

Гаши нагласи дека на следната пленарна седница која треба да се одржи на 29 април се очекува да биде ставена интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица.

-Причина за интерпелацијата е поради тоа што Тошковски, од позиција на министер за внатрешни работи, грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР, рече пратеникот на Левица, Сашко Јанчев на 14 април кога информираше дека ја поднесуваат интерпелацијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk