Право на претседателот на Уставниот суд е дали ќе дојде или не на седницат. Јас ќе ја свикам седницата и ќе се расправа за интерпелацијата на Костадиновски. Во Уставот не постои категорија интерпелација на уставен судија, на претседател на влада, на јавен обвинител, туку категорија носител на јавна функција, тоа е според член 72 – вели Гаши.
Собранието на првата седница во јули ќе расправа за интерпелацијата на претседателотна Уставниот суд Дарко Костадиновски поднесена од Европскиот фронт, вели претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите. За Гаши не е спорно пратениците да расправаат за одговорноста на Костадиновски зашто тој е носител на јавна функција, наспроти одговорот од Уставниот суд дека „Уставот не предвидува никаква можност за разешување на уставен судија ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт“. Гаши информира дека претседателот на Уставниот суд во предвидениот рок не доставил до Собранието писмена одбрана на интерпелацијата.
-Право на претседателот на Уставниот суд е дали ќе дојде или не на седницат. Јас ќе ја свикам седницата и ќе се расправа за интерпелацијата на Костадиновски. Во Уставот не постои категорија интерпелација на уставен судија, на претседател на влада, на јавен обвинител, туку категорија носител на јавна функција, тоа е според член 72 – вели Гаши.
По поднесената интерпелација од Судот информираа дека Костадиновски останува на ставот дека нема да коментира политички изјави и постапки. За интерпелацијата на уставен судија, од таму велат дека Судот веќе официјално соопштил став на 13 март 2025 година.
-Уставниот суд во март годинава, излезе со став дека „Уставот не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт“ и институтот „интерпелација” предвиден во членот 72 од Уставот, во никој случај не се однесува и не може да се примени за уставните судии – соопшти тогаш Судот.
Европскиот фронт поднесе интерпелација за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот на Според пратеникот на ДУИ Илир Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на јазиците.
-Сакам да нагласам дека оваа иницијатива нема за цел да изврши притисок врз Уставниот суд за разлика од другите претходни интерпелации кои беа јасно од политичка природа туку има социјална и медиумско влијание. Нашата цел е да поведеме институционална дебата за фукционирање на оваа инстицуија и улогата на нејзиниот претседател во почитување на Уставот и постоечките закони – рече тогаш Хасани.
Според него, Костадиновски има предрасуди кон албанскиот јазик и прашува што има против албанскиот јазик.
-Во причините за интерпелацијата може да споменеме интервју на Костадиновски каде што цитирам „дека политиката што ја создаде тој закон создаде еден вид правен хаос што резултираше со политички хаос, недоверба и дилема. Факт е дека законот се спроведува и дека создава проблеми со неговата имплементација“. Оваа изјава покренува неколку прашања: Врз основа на кој член од Уставот или кокретен закон претседателот на Уставен суд смее да карактеризира закон како извор на политички и правен хаос и дали е во надлежност на претседател на Уставен суд да утврди проблеми во спроведување на зкаонот и да предвиди законодавна интервенција. Ваквите изјави ги намалуваат рамките на надлежностите дефинирани со закон и создава серија сомнежи за непристараноста на претседателот на Судот во случаи што се уште се во фаза за разгледување – рече Хасани.
Според Хасани , таа изјава е навредлива и изразува предрасуда за Закон што е донесен од Собранието.
Пратеникот вели исто така дека Костадиновски во барањето до Венецијанската комисија употребил термин „малцинство“. Интерпелацијата, според пратеникот не е за тој да се разреши туку има политичко влијание тој да одговори на нивните обвинувања, особено што наскорто треба да се одржи седницата на Уставниот суд во врска со Законот за употребата на албанскиот јазик. Хасани вели дека очекува од Костадиновски да присуствува на пленарната седница на која ќе се расправа за интерпелацијата.