„Преговараме со албански политички партии и блиску сме до договор. До средината на јануари може и да објавиме коалиција“, потенцираше Гаши.
-Се надевам дека ќе има избори. Нема причина за одложување. Субјективна оценка на Заев е дека изборите може да се одложат доколку не се усвојат одредени закони. Битно е да се носат квалитетни закони, кажа во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ првиот човек на „Алтернатива“, Африм Гаши.
„Преговараме со албански политички партии и блиску сме до договор. До средината на јануари може и да објавиме коалиција. Јавноста знае дека со Села преговараме, а понатаму ќе вдиме дали ќе го прошириме блокот. Кај Албанците постои расположение за промена. Очигледно е дека некои Албанци станаа традиционални гласачи на СДСМ“, потенцираше Гаши.