Home » Гаши: Ќе го гарантирам правото на личен став и говор како кај пратениците и од власта и од опозицијата

Гаши: Ќе го гарантирам правото на личен став и говор како кај пратениците и од власта и од опозицијата

by Журнал.мк

Во своето прво обраќање по преземањето на функцијата претседател на Собранието, Африм Гаши им се заблагодари на народните избраници за довербата и порача дека ќе го гарантира правото на личен став и говор како кај пратениците од власта, така и кај оние од опозицијата.

На денешната конститутивна седница Собранието со 76 гласови за и 6 против, го изгласа Африм Гаши за нов претседател на Законодавниот дом.

Против изборот на Гаши гласаа пратениците на Левица додека пак пратениците од Европскиот фронт предводен од ДУИ не беа присутни во салата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More