Gartner предвидува: Најголем број од продадените смартфони во 2023. ќе бидат 5G

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Аналитичката куќа Gartner објави извештај во кој се предвидува дека во 2023. година, 51 проценти од продадените смартфони ќе бидат компатибилни со 5G технологијата. До овој заклучок се дошло по анализата која ги опфаќа плановите на мобилните оператори за имплементација на 5G инфраструктура и сервис во следните години.

Некои производители веќе понудија 5G уреди, но моментно нивниот процент е многу мал. Тие уреди ќе имаат удел од само 6 проценти во однос на вкупниот очекуван број на продадени телефони во 2020. година. Од друга страна, глобалниот пазар на мобилни телефони ќе биде во благ пад. До крајот на оваа година се очекува дека ќе бидат продадени вкупно 2,2 милијарди телефони, за следната година прогнозиран е пад од 3,3 одсто годишно.

Причина за тоа е што во следните години не се очекува никаков значаен напредок во новите функционалности кај смартфоните, а тоа е главниот продажен двигател во последните неколку години. Со други зборови, се очекува дека времето на употреба на купениот телефон во наредниот период ќе биде подолг отколку во сегашниот период. извор: USB.mk

T.E.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.