Home » Галетановски: Граѓаните на Скопје мрзнат – градската власт итно да преземе одговорност

Галетановски: Граѓаните на Скопје мрзнат – градската власт итно да преземе одговорност

by Журнал.мк

Претседателот на градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски, упати сериозни критики до градската власт поради хаосот во јавниот превоз во Скопје. Тој предупреди дека граѓаните се оставени на милост и немилост на лошото управување со ЈСП.

„Граѓаните на Скопје мрзнат! Утрово се жалат дека повеќе од 40 минути чекале на автобусите со број 5 и 15. Ова е недозволиво,“ изјави Галетановски. Тој посочи дека и покрај вчерашните уверувања од Град Скопје дека ЈСП ќе вози со полн капацитет, ситуацијата денеска била уште полоша. „ЈСП сè уште е без нафта.

Претпријатието кое има проблем со автобуси и долгови, сè уште не обезбедило основни ресурси за нормално функционирање,“ додаде Галетановски, пренесувајќи ја загриженоста на синдикатот на ЈСП, кој оваа состојба ја нарече „голем срам за градот“.

Според Галетановски, ваквото управување не е само прашање на некомпетентност, туку и на целосна негрижа за потребите на скопјани.

„Срам за Град Скопје и за оние што го водат! Градот не е приватна фирма за експериментирање. Ако градоначалничката и Советот не можат да ја завршат својата работа, време е да си заминат,“ истакна тој.

Претседателот на градската организација на СДСМ повика на итни мерки за решавање на проблемите во јавниот превоз. „Потребно е итно решение за јавниот превоз на скопјани. Град Скопје заслужува подобро од ова,“ потенцира Галетановски.

СДСМ апелира до градските власти да преземат одговорност и веднаш да ги обезбедат потребните ресурси за нормално функционирање на јавниот превоз, бидејќи трпението на граѓаните е на граница.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk