Home » Галетановски: Ако се кандидирам за скопски градоначалник, не гледам ни анкети ни рејтинзи

Галетановски: Ако се кандидирам за скопски градоначалник, не гледам ни анкети ни рејтинзи

by Журнал.мк

„Ако се кандидирам за градоначалник на Град Скопје, не гледам ни анкети ни рејтинзи. Мене доволна анкета ми се сите граѓани кои ми дадоа поддршка додека бев директор на ЗОО-Скопје. И, не знам кој ги дава тие изјави, но би се кандидирал само ако има фер и натпартиска трка“.

Ова го вели првиот човек на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, кој, како што вчера објави „Фокус“, е еден од потенцијалните кандидати на СДСМ за градоначалник на Скопје на следните локални избори, заедно со Каја Шукова, Андреј Петров, Мишко Ралев.

-Апетити и желби имаат многу, но сите тие кандидати освен желба треба да имаат визија и јасен став дека на Скопје му требаат брзи и конкретни решенија за спас. Максимално е загадено, јавниот превоз е колабиран, проблемот со улични кучиња не е решен, јавните претпријатија се блокирани.

Партизацијата во градската администрација го направи своето и дојдено е време кога треба градоначалник за сите граѓани, без его и хирови на штета на скопјани. Затоа, нека потпишат сите кандидати изјави за кривична одговорност доколку во првите 2 години не исполнат 50 отсто од програмата, па потоа нека се кандидираат. Се друго се празни ветувања

Нека ги вратат партиските книшки во партија и нека ветат на скопјани дека ќе работат за сите граѓани, а не само за партиските луѓе. Најважно од се е оној што ќе стане градоначалник да ги деполитизира институциите и администрацијата во градот.

Да им даде да потпишат изјави на сите директори дека нема да местат тендери и да менуваат раководители и вработени по партиска линија. Дека на конкурси за вработување ќе имаат предност младите. Е така би се кандидирал – вели Галетановски за „Фокус“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk