19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Galaxy Z Fold3 сертификуван со 4275mAh батерија

Најчитани вести

Следниот флексибилен Galaxy уред на Samsung е сè поблиску до објава, а најновите информации за телефонот доаѓаат од Кина, каде што Galaxy Z Fold3 доби 3C сертификат.

Сертификацискиот листинг укажува на поддршка за две ќелии на батеријата, со вкупен капацитет од 4275mAh. Системот се состои од две ќелии на батерија (2215mAh + 2060mAh), што ја дистрибуира тежината на батериите преку двете половини на флексибилниот уред.

Вкупниот капацитет на батеријата на Z Fold3 моделот е помал отколку кај Z Fold2 теелфонот (4500mAh). Причината за ова намалување на големината на батеријата е што новиот смартфон ќе има покомпактен формат.

Покрај ова, извештаите истакнува дека Galaxy Z Fold3 ќе има IP сертификат за отпорност на вода и прашина, а иста поддршка ќе има и следниот модел Galaxy Z Flip модел.

Се споменува и дека Galaxy Z Fold3 ќе има поддршка за S Pen и ќе има помал надворешен дисплеј во однос на Galaxy Z Fold2.

На крајот, Z Fold3 се очекува дека Z Fold3 ќе стигне со 256GB меморија, додека Galaxy Z Flip2 ќе има 128 и 256GB конфигурации. Најновите извештаи сугерираат дека Samsung ќе ги претстави двата флексибилни телефони во јули.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести