Samsung официјално потврди дека Tab S6 и Galaxy Watch Active 2 пристигнуваат на 7 август.
Почнувајќи од Tab S6, таблетот ќе доаѓа со Snapdragon 855, 6GB RAM и 128GB меморија. Ќе биде достапен уште еден модел, со 8GB RAM/256GB меморија. Истотака, за разлика од Tab S4 кој има стаклена конструкција, новиот таблет ќе доаѓа со алуминумски изглед. Ќе биде достапно и S Pen пенкало.
Заедно со таблетот ќе биде претставен и нов паметен часовник – Galaxy Watch Active 2. Станува збор за нов фитнес додаток чиј главни фокус е здравјето на корисниците. Од нови функции ќе доаѓа со ECG апликација која го мери и следи работењето на срцето. /gsm.mk