23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Galaxy Chromebook 2 со подобра батерија и пониска цена

Најчитани вести

Изгледа дека Samsung Galaxy Chromebook 2 ќе го подобри животниот век на батеријата и цената на неговиот претходник, според протечените податоци. Претходниот Galaxy Chromebook беше атрактивно дизајниран 2-во-1 уред, кој сепак пропадна поради траењето на батеријата и високата цена од 999 долари. Ако им се верува на новите информации, можеби следната година ќе биде подобра за Galaxy Chromebook.

Најважната промена е траењето на батеријата. Податоците што се откриени велат дека Samsung цели на 12 и повеќе часови на траење на батеријата кај овој нов модел. Тоа е многу повеќе од 4 часа и 20 минути, што беше максимумот за ланскиот модел. Новиот Galaxy Chromebook 2 ќе биде првиот Chromebook со QLED или LED екран со квантни точки. Претходниот Chromebook на компанијата користеше 4K AMOLED, избор што се чини дека го намали времетраењето на батеријата на уредот. Преминот на QLED би било во согласност со промената што Samsung ја направи во лаптоп компјутерите, што не беа со Chrome OS во текот на 2020 година.

Стариот Galaxy Chromebook се потпираше на Intel Core i5 процесор од 10. генерација, кој беше повеќе од способен да се носи со задачите за кои Samsung замислуваше дека купувачите ќе го користат уредот, но овој нов Galaxy Chromebook 2, наводно ќе премине на Core i3 од десеттата генерација. Тоа не е нужно чекор назад за работата во Chrome OS, но е интересен со оглед на достапноста на процесорите на Intel од 11. генерација во 2021. година.

Сите овие промени можеби играат улога во пониската цена од 699 долари. Поевтината цена на Galaxy Chromebook 2 го доближува до врвните Chromebook уреди, отколку до соодветните лаптопи на Apple и другите компании. Префрлањето на друг процесор и користењето на екран што компанијата веќе го останатите лаптопи, би можело да помогне во подобрувањето на продажбата, посебно во комбинација со со пониската цена.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести