Home » Г7: Ќе ја поддржуваме Украина се додека е потребно во војната против Русија

Г7: Ќе ја поддржуваме Украина се додека е потребно во војната против Русија

by Журнал.мк

Групата од седумте индустриски најразвиени земји во светот (Г7), предводена од нејзиниот претседавач Џорџа Мелони, денеска објави дека ќе ја поддржува Украина се додека е потребно во војната против Русија.

Во соопштението по повод 1.000 дена откако Русија ја нападна Украина, се наведува дека земјите-членки на Г7 остануваат обединети во придонесот во борбата на Украина за суверенитет, слобода, независност, територијален интегритет и реконструкција.

„Го препознаваме и влијанието на руската агресија врз загрозените луѓе ширум светот“, се вели во соопштението, пренесе Анса.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk